САРМИ ОД БЛИТВА

Сарми од блитва

2 снопчиња блитва
300 г мелено месо
120 г маринирани печурки
1 морков
1 главица кромид
150 г ориз
100 мл Доматно пире
малку сол, бибер.


Пропржете го кромидот заедно печурките,па додадете го ренданиот морков. Кога малку ќе се пропржи, додадете месото и допржете до крај. Ставете доматно пире,ориз , зачини и оставете го на оган уште 5 минути.
Се става 1 литар вода да зоврие. Блитвата се мие, се цеди и се реди во подлабока здела. Со зовриената вода попарете ги листовите и оставете да постојат 10 до 15 минути. Потоа процедете ги и може да виткате сармички. Не мора да се стискаат бидејќи листовите се доста кревки.
Наредете ги во плехче каде претходно се ставиле од доматното пире. Полијте ги со вода да ги покрие и ставете да се печат на 200 Ц .Одозгора прво покријте ги со хартија за печење за да не ви изгорат, а после 30 минути печење тргнете ја хартијата

https://www.facebook.com/Makedonska.kujna2012/photos/pb.254368898023957.-2207520000.1451682563./495423943918450/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/Makedonska.kujna2012/photos/pb.254368898023957.-2207520000.1451682563./495423943918450/?type=3&theater

Comments

Popular Posts