СЛАТКИШИ

250 гр свинска маст
1 јајце
200 гр шеќер
1 прашок за печење
400-450 гр брашно
* Чоколадна смеса (за намакување)
50 гр црно чоколадо
50 гр маргарин
4 лаж. шеќер
2 лаж. какао
2 лаж. масло
5 лаж. млеко
* Уште
3-4 лажици од вашиот омилен мармалад за лепење
околу 50 гр кокос


Од наведените состојки за тесто измесете глатко тесто.
Обложете еден плех со пек хартија.
Земете 2 мали лажички со кои ќе ги оформувате желадите, двете свртени со вдлабнатата страна една кон друга, а тестото помеѓу.
Ставајте ги во плехот и печете на 130 степени 15-20 мин. во зависност од рерната. Внимавајте да ви останат бели.
Печените колачи извадете ги од плехот и оставете ги потполно да оладат.
Земајте по 2 и лепете ги со мармалад.
Стопете ги на тивок оган чоколадото искршено на коцки, маргаринот, шеќерот, какаото, маслото и млекото.
Секој желад макајте го со пошироката страна 1/3 во стопениот фил, а потоа веднаш извалкајте го во кокос.https://www.facebook.com/Makedonska.kujna2012/photos/pb.254368898023957.-2207520000.1451745712./679368692190640/?type=3&theater

Comments

Popular Posts