Летен кокос колач

Летен кокос колач 
1литар млеко се става на оган да зоврие и во него се додаваат 15 лажици шеќер.Се меша да се растопи шеќерот и се додаваат 10-11 лажици гриз и се меша постојано додека се задебели смесата.Потоа се трга од оган и се додава 1/2 маргарин и се меша постојано додека се изедначи сместа, а потоа се додава 150 грама кокос и се меша.Се дели на 2 дела. Првиот останува бел а во вториот се става 2 лажици какао или 1 чоколадо.Се меша да се изедначи.Тавчето во кое че ја ставиме смесата се плакне со вода и се става кафеавиот дел се мазне а потоа се става белиот дел над кафеавиот.
Настрана се топи 1-2 чоколада со малку маргарин и 1-2 лажици млеко и се става чоколадото над белата смеса и на крај се порисува со кокос.Се остава да се стегне па се сече по желба на штангли или коцки.

рецепт на Билјана Д.

Comments

Popular Posts