Ловачка шницла

Ловачка шницла
4 шницли се чукаат се поросуваат со сол и бибер и се валкаат во брашно. Се пржат по 2 минути од двете страни и се ставаат во тава. Во истата тава каде се пржеле шницлите се пржи 1 кромид и печурки се додава сол, бибер, црвен пипер, ловоров лист, риган. Сетоа ова убаво се пропржува и се става врз шницлите. Потоа во тенџере се става 300 мл. вода, 200 мл. хопла за готвење, 1 лажица доматно пире и 1 лажица брашно, сол, бибер и вегета. Се вари 5 минути и се истура над шницлите. Се пече на 200 степени ( 50 - 60 мин ) 25 мин. затворено под фолија, а останатото отворено. Се сервира со компири.

Comments

Popular Posts