ЛУКОТ КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК
Лек за долговечност
Дневно се препорачува конзумирање на 1 литар јогурт (природен) со три чешниња лук.
Лек против дијареа
Во мала чаша вински или јаболков оцет ставете исцеден сок од 2-3 чешниња лук. Се пие одеднаш.
Сируп
Вода (иста количина колку шеќерот) и шеќер се варат сè додека сместа се згусти. Откако ќе го тргнете од огин додадете иситнет лук (половина од количината на вода). Од сирупот се пие 2-3 лажици дневно при грип, ангина, бронхитис, заразни болести.
Лек против бронхитис, воспаление на бели дробови, астма
Земете едно чешне лук, испасирајте го и ставете го во мала лажичка. Ставете ја лажичката под нос, на висина од устата и силно вдишувајте преку нос 5 минути. Свртете ја сместата и повторно вдишувајте од миризбата силно преку носот. Воздухот треба да го задржувате околу 4-5 секунди, по што треба полека да се издише. Ова треба да се практикува наутро и навечер во период од 1-2 месеци.
Лек против висок крвен притисок
Секој ден при секој оброк треба да се изеде по едно чешне лук. Кога ќе се нормализира вашиот притисок не престанувајте да консумирате лук. Наместо три пати доволно е барем еднаш дневно за да не ви се јави проблемот повторно.
Comments
Post a Comment