Ориентална салата

Ориентална салата
Потребно е:
1 кг и 500 грама компир
7 јајца варени
2 кромид со средна големина
400 грама мајонез и павлака мешано
сол
бибер во ваш вкус
Подготовка:
Компирите ставете ги да се сварат во подлабок сад околу 30 минути се додека не се сварат.За да провериме дали компирите се варени пробуваме со вилушка.Ако вилушката влегува во компирот тогаш е варен.На страна во меѓувреме варете ги јајцата околу 10 до 15 минути.Кромидот ситно исецкајте го и посолете го и оставете да отстои околу 10 минути.Варениот компир сечете го на парчиња исто така и јајцата.Измешајте заедно со кромидот додадете го мајонезот со павлаката измашајте добро за вкус можете да додадете повторно сол и бибер и послужете се 

Comments

Popular Posts