ЛУК-Медицинска вредност

Allium sativum L., попознат како лук, е вид на растение во фамилијата Лукови. Негови блиски сродници се кромидоткозјиот лук (шалот),празот и власецот. Низ историјата, лукот е користен во кујнски и медицински цели. Има остра арома и вкус кој се разблажува во текот на готвењето. Луковицата од лукот, која е најчесто користена во исхраната, е поделена на повеќе месести делови наречени чешниња. Чешнињата се користат како семе, за исхрана (свежи или зготвени), како и во медицински цели. Листовите, стеблото и цветовите (наречени булбили) се исто така јадливи и најчесто се употребуваат додека се сѐ уште незрели и нежни. Единствен дел од лукот кој не се смета за јадлив е кожестата обвивка.

Медицинска вредност

Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања, како атеросклероза, високо ниво на холестерол во крвта, високкрвен притисок и рак.
Истражувањата вршени на животни, како и на луѓе, укажале на можните придобивки од користењето на лукот за лекување на кардиоваскуларните болести. На пример, во едно чешко истражување се укажало дека лукот го снижувал нивото на холестерол во крвните садови на животните

Comments

Popular Posts