Коприва за прочистување на крвта


Листовите од младата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, К и Б2, каротен и со пантотенска киселина, калциум, фосфор и со железо, едноставно во нив се крие вистински провитамински концентрат. Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот.
Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на лицата со шеќерна болест (дијабетес). Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста. Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крвавењето, па често се користи при обилни менструации, крвавење од матката, при крв во урината и слични состојби. Копривата може да биде корисен додаток во исхраната за намалување на високиот крвен притисок, бидејќи една шолја чај од коприва содржи 4 милиграми натриум. Ниските нивоа на натриум во исхраната можат да го намалат крвниот притисок, а лицата кои имаат висок крвен притисок (хипертензија) не треба да земаат повеќе од 1.500 милиграми натриум дневно.

Comments

Popular Posts