ФЕФЕРОНИТЕ?

ФЕФЕРОНИТЕ?
Лутите пиперки помагаат во намалување на холестеролот, кај авитаминоза, алергија, анемија, астма, артериосклероза, ангина пекторис, срцев инфаркт, покачен крвен притисок, дијабетес, очно перде, кашлица, импотенција, опаѓање на косата...
Сите луѓе кои уживаат во добро зачинета, односно лута храна му прават огромна услуга на своето здравје, а не се свесни за тоа. Научниците докажале дека капсицинот, хемиско соединение кое ја дава лутина на фефероните, чилито и другите лути пиперки го намалува нивото на холестерол во крвта, со што го намалува високиот крвен притисок.Овој значаен зеленчук нема голема енергетска вредност, па е погоден за диетална исхрана. И пиперките и доматите, кои се богати со минерали, витамини и други корисни состојки, со конзервирање хранливата вредност не се менува, ниту количината на витамин Ц, која ја има во завидна форма. Докажано е дека пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц од лимонот и портокалот. Поради ова, големи количини се препорачуваат како задолжителна исхрана за јакнење на имунитетот.Во пиперките без разлика на видот и големината, се наоѓаат значајни количини на витамин Б, меѓу кои посебно се истакнува витамин Б-1 и Б-2. Содржи и витамин Е на кој му се припишуваат антиканцерогените својства, витамин А, пантотенска киселина, а од минералите најмногу има калиум, фосфор и железо. Количината на водата што ја содржи изнесува околу 98 отсто, додека количината на етерични масла во семето зависи од количината од присуството на алкалоидот капсицин. Капсицинот учествува со приближно 89 отсто, специфична материја која ја дава лутината на плодот. Во зависност од тоа колку го има, пиперката се дели на слатки и лути сорти. Во секој случај, за капсицинот одамна се знае дека има лековита моќ, бидејќи претставува совршен антисептик. Оваа материја го зголемува и нивото на хистамин, кој претставува главен одбранбен механизам во човечкиот организам.

Comments

Popular Posts